Балкан
17. October 2017 - 11:26

Турските воени сили се подготвуваат за распоредување втора база во Идлиб

Вооружените сили на Турција се подготвуваат за распоредување на втора воена база во зоната за деескалација во сириската провинција Идлиб.

Првата турска база на територијата на Сирија се наоѓа во Шеик Баракат, највисоката точка на локалната планина, која се наоѓа меѓу провинциите Алепо и Идлиб. Базата ќе се користи за следење на активностите на курдските единици од страната на Африн.
    
Во моментов, Анкара се подготвува да ја распореди втората база на аеродромот за хеликоптери Тафтаназ, кој неколку години беше под контрола на борците на Сириската слободна армија.

Турција планира да распореди три фиксни станици во Идлиб, како и над 40 набљудувачки места, од кои 30 ќе бидат мобилни.