-->
-->
Турските власти наложија полициски час во округот Дијарбекир
-->
Турските власти денеска наложија полициски час во девет села во округот Дијарбекир, каде што е во тек широкопојасна антитерористичка операција против Курдската работничка партија (ПКК), а меѓу осомничените има и лидери на групацијата, јави агенцијата Анадолија.
Забраната за излез важи за цивилите, кои живеат во селата околу градовите Лиџе и Хани, до втора наредба. Целта на мерките е пред се, безбедноста на животот и имотот на граѓаните.
Се планира да бидат уништени скривалишта и складишта за оружје на бунтовниците.
ПКК, која води вооружена борба против Турската Држава од 1984 година, се смета за терористичка организација од страна на Анкара, ЕУ и САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори
-
ССМ на протест за 1 Мај
-
Традиционален пикник за 1 Мај
-
Продолжува предизборната кампања
-
Македонија го чека Палевски
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди