Балкан
12. April 2017 - 13:11

Турските сили за безбедност привеле 43 странци, од кои 20 се осомничени џихадисти

Турските сили за безбедност денеска привеле 43 странци, кои од Сирија нелегално влегле во Турција и кои во округот Килис навлегле во зона на армијата, соопшти турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

При претресите кај осомничените биле откриени ремени со експлозиви (за изведување самоубиствени напади), како и осум рачни гранати.

Дури 23 од осомничените странци се деца.

Турските власти почнаа истрага против 20 од приведените, кои се осомничени за членство во групата Исламска држава.