-->
-->
Турските сили ликвидираа најмалку 28 припадници на ИД во северна Сирија
-->
Припадници на турската Армија вчера убиле најмалку 28 борци на групата Исмалска држава (ИС) во Сирија, при стрелба врз позици на џихадистите северно од сирискиот град Алепо, како одговор на најновите напади врз турските погранични региони, објави денеска турската државна телевизија Си-Ен-Ен Турк.
При стрелбата со артилериски и минофрлачки оган, биле погодени 58 цели на ИД.
Пет лица беа ранети во петокот, кога ракети истрелани од реон под контрола на ИД во Сирија, паднаа во турскиот пограничен град Килис, на околу 60 километри од Алепо.
Од јануари припадници на ИД извршија повеќе од 70 напади врз Килис, при што загинаа 21 лице, меѓу кои и деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови