Турските пожарникари се бореле со 306 пожари во последните четири дена
– Турските противпожарни служби реагираа на 306 шумски и градски пожари во изминатите четири дена, при што успешно изгаснаа 304 од нив, соопшти вчера турската Дирекција за комуникации.
Борбата против шумските пожари продолжува во повеќе области во земјата, со значителни напори насочени кон пожарите во окрузите Измир и Мугла.
Во областа Мендерес во округот Измир, екипи гаснат пожар што почнал пред два дена во шумска област. Против пожарот се насочени значителни сили и од воздушни и од копнени екипи.
Во гаснењето на пожарот учествувале пет авиони и осум хеликоптери. Воздушните и копнените противпожарни екипи се активни и во областите Јатаган и Ула во округот Мугла.
Во текот на ноќта таму биле активирани три хеликоптери опремени со опрема за ноќно гледање, а против пожарот во Ула работи и амфибиски авион од Азербејџан кој извршил 12 летови и фрлил 114 тони вода врз огнот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини