-->
-->
Турски војник убиен при експлозија во југоисточна Турција
-->
Еден турски војник е убиен, а четворица други се ранети денеска при експлозија на бомба во округот Мардин во југоисточна Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен - Турк.
Бомбата, која биле поставена во зграда во градот Нусајбин, биле активирана за време на операција на турската армија против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).
Стотици припадници на силите за безбедност, бунтовници и цивили загинаа, откако ПКК во јули минатата година објави прекин на примирјето, кое траеше две и пол години.
ПКК, која Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација, води долгогодишна борба за автономија на југоисточна Турција, каде мнозинствоот од жителите се Курди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024