Балкан
15. August 2022 - 14:17

Турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор

На празникот Успение на Пресвета Богородица, два пара турски Ф-16 влегоа во FIR Атина (грчкиот воздушен простор) без да поднесат план за летање, го нарушија националниот воздушен простор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, прелетите биле над три грчки острови на 23.000 и 27.000 стапки во рок од 14 минути, а во сите случаи, турските авиони биле препознаени и пресретнати од грчки воени авиони, согласно меѓународните правила и според стандардната тактика.