Балкан
7. October 2015 - 18:59

Турски воени авиони биле на нишан на сириската противавионска одбрана

Турската армија денеска соопшти дека ракетни системи лоцирани во Сирија вчера пресретнале турски воени авиони кои биле во патрола на турско-сириската граница.

- Осумте турски воени авиони Ф-16 беа на нишан околу 1,5 минути, соопшти Генералштабот на турската армија.

Сличен инцидент имаше и во понеделникот кога неидентификуван МИГ-29 на нишан држеше турски воени авиони четири минути и 30 секунди, а исто така беа на нишан и на сириските системи за противвоздушна одбрана четири минути и 15 секунди.