Балкан
19. јуни 2016 - 13:48

Турски граничари застрелале 11 луѓе од сириско семејство

Турски граничари застрелале сириско семејство кое се обидувало да избега на територијата на соседната држава, јави Скај њуз Арабија.

Според телевизијата, турските војници отвориле оган врз група Сиријци кои сакале да ја преминат границата крај селото Џиср ел-Шухур во обид да се спасат од воени акции во провинцијата Идлиб.

Во тој инцидент што се случил ноќеска, загинале 11 луѓе од едно сириско семејство меѓу кои имало жени и деца.