Балкан
7. August 2017 - 11:13

Турски цариници запленија хероин во вредност од 5,9 милини евра

Турските царинарници во пристаништето Мерсин открија и конфискуваа 122,6 килограми хероин, скриен на товарен брод кој пловел под знамето на Либерија.

Цената на конфискуваната дрога се проценува на 5,9 милиони евра и била поделена во 102 пакети скриени во контејнери со банани од Еквадор. Хероинот бил откриен од полициско куче.

Во операцијата се приведени седум лица.

Тоа е една од поголемите количества на хероин откриен од турската царина во последните години.