Турската полиција уапси 30-тина приврзаници на Фетулах Ѓулен

Околку 30 лица се уапсни денеска при акција на турската полиција против припадници на т.н. „паралелна држава“, објави електронското издание на весникот „Акшам“.
Според весникот, припадници на полициските единици за борба против нелегалната трговија и организираниот криминал рано изутринава започнале координирана акција во 18 региони на Турција.
Акцијата, која е координирана од центар во Измир, е спроведена по наредба на државното Јавно обвинителство.
Меѓу уапсените има и полициски началници и високи државни службеници. Оперецијата е се уште во тек.
„Паралелна држава“ е термин со кој турските власти ги нарекуваат приврзаниците и членовите на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД. Според Анкара, Ѓулен создал паралелна структура во судскиот систем, полицијата и другите дражвни унституции, чија цел е уривање на Владата.
Ѓулен е поранешен сојузник на турскиот преседател Реџеп Тајип Ердоган, но нивните односи се влошија кога проповедникот започна да го критикува начинот на управување на земјата од страна на тогашната Влада предводена од Ердоган, по што замина во „доброволен егзил“ во САД.
Ново на Сител
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
