Турската полиција приведе десетици осомничени членови на ПКК

Турската полиција презеде акција во Адана, јужна Турција и во Истанбул, при што се приведени десетици лица под сомнение дека се борци на Курдската работничка партија (ПКК).
Според дел од турските медиуми во Адана се приведени најмалку 36 осомничени членови на ПКК, а во Истанбул - 15.
Операцијата во Истанбул била насочена кон младинската структура на ПКК - Револуционерно патриотско младинско движење. Во исто време биле извршени претреси на 25 места, а меѓу приведените деветмина биле под 18 години.
Претходно во округот Ескишехир, западна Турција во операција против ПКК приведени се 12 лица.
По-рано валията на окръг Ескишехир в Западна Турция заяви, че при операции срещу ПКК там са били задържани 12 души. Гюнгьор Азми Туна добави, че се установява евентуална връзка на тези лица с вчерашния атентат в Анкара, при който бяха убити 37 души, а десетки други бяха ранени.
Во вчерашниот напад во Анкара загинаа најмалку 37 лица, а над 120 се повредени. Најверојатно двајца напаѓачи, маж и жена го извршиле нападот. Идентитетот на осомничената жена-самоубиец бил утврден уште синоќа. Автомобилот, што синоќа беше употребен во бомбашкиот напад бил украден на 10 јануари во округот Шанлаурфа, јужна Турција.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
