Турската армија интензивно ги гранатира зоните под контрола на Курдите во северна Сирија
Турската армија изведува интензивни гранатирања врз регионите што се под контрола на Курдите во северна Сирија, пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Нападите почнале пред повеќе од пет часа и се уште траат, забележува оваа невладина организација со седиште во Лондон, која располага со широка мрежа информатори во Сирија, јавува БТА.
„Турција ги бомбардира курдските зони во северниот дел на провинцијата Алепо, во својот досега најмоќен напад врз овие зони од почетокот на бомбардирањата на курдските позиции, од пред неколку дена“, посочи Центарот.
Директорот на организацијата, Рами Абдел Рахман, за француските медиуми посочи дека турските напади се насочени не само врз неодамна заземените региони од курдска страна во северна Сирија, туку и врз нивниот бастион Африн.
Напредувањето на курдските „Сили за заштита на народот“, кои од воздух се поддржани од Русија, ја загрижи Турција, која од саботата почна да ги бомбардира. Пред извесно време курдските сили во Сирија во северниот дел на провинцијата Алепо, во непосредна близина на турската граница, зазедоа неколку села, кои досега беа контролирани од бунтовниците.
Турција вчера по првпат го нападна Африн. Во бомбардирањето беа убиени двајца, а ранети уште 28 цивили, информира директорот на Центарот.
Ново на Сител
-
Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава
-
Истрели во близина на Амбасадата на Израел во Стокхолм
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот