-->
-->
Турција воведува полициски час и целосно „заклучување“ за викенд
-->
Турската Влада од утре воведува полициски час од 21 до 5 часот во работните денови, и целосно „заклучување“ за време на викенд, односно од 21 часот во петок до 5 часот во понеделник.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека мерката се носи со цел спречување на ширењето на коронавирусот.
Новите построги антиепидемиски мерки стапуваат во сила утре, а ослободени ќе бидат само некои сектори како што се снабдување и производство.
Осми ден по ред, во Турција се регистрира рекорден дневен број на смртни случаи од коронавирусот.
Во последните 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, починале 188 лица, а потврдени се 31.219 нови случаи, што е исто така највисоко за еден ден од почетокот на епидемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
РКЕ највува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје