Турција: Три танкери во Црно Море нападнати од дронови

Во близина на северниот брег на Турција во Црно Море пријавени се напад со беспилотни летала врз три танкери, соопшти турската поморска агенција Трибека.
Танкерот „Џејмс II“, што плови под знамето на Палау, е нападнат околу 80 километри северно од областа Туркели во Црно Море. Додека танкерите „Алтура“ и „Велора“, што пловат под знаме на Сиера Леоне, биле нападнати се во истото подрачје додека вршеле претовар.
Според Трибека, турски бродови биле испратени на местото на инцидентот за да помогнат. При нападите ниту еден член на екипажите не е повреден, а танкерите се во добра состојба.
Пристаништата и танкерите се чести цели на напади од страна на Москва и Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина пред повеќе од четири години. За сега ниту Русија ниту Украина не се огласија за инцидентите.
И турското Министерство за транспорт не беше достапно за коментар поради што инцидентите, се случија за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам.
Ново на Сител
-

Муцунски: Постои желба во Брисел за стимулирање на дијалог меѓу Македонија и Бугарија
-

Определен 30-дневен притвор за Стефан Богоев и уште три осомничени лица
-

Македонско-грчки бизнис ИКТ форум во Скопје
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
