Турција: Сирија не е способна, ниту има волја да се бори против ИД

Турција ги извести ОН дека почнала воздушни напади врз положби на борци од Исламска држава во Сирија, затоа што сириската Влада не е ниту способна, ниту има волја да се бори против терористичката организација.
Во писмото упатено вчера до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и СБ, Турција се повикува на членот 51 од Повелбата на ОН која се однесува на индивидуалното или колективното право на самоодбрана во случај на оружен напад, како оправдување за акцијата.
- Очигледно е дека режимот во Сирија не е ниту способен, ниту има волја да ги спречи овие закани кои доаѓаат од нејзина територија, а кои јасно говорат дека ја загрозуваат безбедноста на Турција и нејзините државјани, наведува во писмото заменикот на турскиот амбасадор во ОН Левент Елер.
Ново на Сител
-

Денес се избира градоначалник на Брвеница
-

ДИК: До 15ч излезноста во општина Брвеница е 40,49%
-

Втор круг претседателски избори во Бугарија
-

Со тешки повреди на главата заврши 16 годишник по тепачката меѓу навивачките групи Фемили Аеродром и Работнички
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
