Турција приведе над 400 осомничени во серија големи операции против кибер криминал

Турските власти приведоа вкупно 429 осомничени во серија големи операции за кибер криминал спроведени во текот на изминатите 10 дена, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на Икс.
Во објавата на Јерликаја се вели дека 354 осомничени се приведени во рации спроведени во 35 од провинциите во земјата во текот на изминатите 10 дена, додека уште 75 лица се уапсени вчера наутро во специјализирана операција спроведена во Истанбул и 14 други провинции во земјата.
– За време на операциите, агенциите за спроведување на законот запленија 16 компании, 13 домови, 37 автомобили, осум мотоцикли, 14 станови, седум продавници, 13 земјишни парцели, 447 банкарски сметки и голема количина накит и други вредни предмети, чија вкупна вредност надминува приближно 1,05 милијарди турски лири (20,3 милиони евра), исто така се наведува во објавата.
Јерликаја, исто така, нагласи дека операциите спречиле „материјална и емоционална штета“ врз граѓаните предизвикана од кибер криминал, како што се дистрибуција на детска порнографија, онлајн измами и промоција на нелегално коцкање.
Осомничените се обвинети за поседување материјали со сексуална експлоатација на деца и за организирање измамнички шеми преку социјалните мрежи и разни веб-страници со лажни реклами за резервација на хотелски соби, продажба на недвижнини и нудење кредити со ниска камата.
МИА
Ново на Сител
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
-

Кошта: ЕУ ќе се брани од секој облик на присила, ќе го штити меѓународниот поредок
