Турција почна да ги лекува заболените од Ковид-19 со крвна плазма
Универзитетот во Источна Турција започна со користење на крвна плазма за пасивно да ги имунизира пациентите заразени со новиот коронавирус, јави агенцијата Анадолија.
Третманот се изведува со земање плазма од пациент кој се опоравува од Ковид-19, и кој веќе е негативен за коронавирус, објасни ректорот на универзитетот Иниону Ахмет Кизлај, во округот Малатија.
– По првпат во Турција, Медицинскиот центар „Тургут Озал“ при Универзитетот зеде плазма од излечен пациент со Ковид-19, користејќи метод наречен плазмафереза и го примени на друг пациент, кој е во многу сериозна состојба во одделот за интензивна нега, рече тој.
Целта, објасни Кизлај, пациентот во одделот за интензивна нега да прима антитела од опоравениот пациент. Овој метод претходно се користеше за лекување на САРС (тежок акутен респираторен синдром, исто така предизвикан од коронавирус) и ебола.
Лекарот ги повика пациентите третирани со коронавирус да го поддржат овој метод и да донираат плазма, објаснувајќи дека не претставува ризик за веќе излекуваните.
Ново на Сител
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-

Условна казна затвор од една година доби екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска
-

ДНК на судијата Ристов пронајдена на фолијата со 350 илајди евра
-

Партиите без компромис, Изборниот законик останува заглавен
-

Регионализација и дигитализација во здравството приритет и за Клековски - новите министри ги презедоа функциите
