Свет
15. March 2021 - 10:41

Турција планира да вакцинира над еден милион туристички работници

 Турските власти најавија приоритети за вакцинација на луѓето во туристичкиот сектор, како дел од програмата за сертифицирање на безбеден туризам што државата ја почна во 2020 година, објави весникот Дејли сабах.

Министерството за култура и туризам почнало да прифаќа онлајн најави по одлуката да им се даде предност на вработените во објекти сертифицирани за безопасен тиуризам – вработени во туристичките агенции туристички водичи и возачи. Според официјалните податоци, со тоа решение се опфатени околу 1,1 милиони вработени во туристичкиот сектор.

– Ако процесот на вакцинација заврши пред почетокот на туристичката сезона, тогаш ќе имаме добар приход од туризмот во Турција, изјави експерт од секторот.