Свет
1. November 2017 - 11:08

Турција одбива да ги прими сирските Курди на разговорите во Астана

Турските власти одбија да дозволат претставници на сириските курдски герилци да учествуваат на преговорите за Сирија кои треба да се одржат во Казахстан.

Сириските демократски сили (СДФ) контролираат дел од сириската територија долж границата со Турција и соопштија дека биле поканети од страна на Русија на разговорите во казахстанскиот главен град Астана.

Претставник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја отфрли таквата идеја. 

- Невозможно е да прифатиме терористичка организација да присуствува на меѓународна платформа, изјави Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Ердоган.

Разговорите во Казахстан се платформа преку која Турција, Русија и Иран се координираат во врска со сириската граѓанска војна.