Балкан
9. December 2015 - 16:17

Турција нападна цели на ПКК во северен Ирак

Турската армија соопшти дека извршила воздушни напади врз цели на Курдската работничка партија (ПКК) во новата трансгранична офанзива во северен Ирак.

Во нападите се уништени се цели на ПКК во четири реони во северен Ирак, вклучително и на планината Кандил на ирачко-иранската граница, каде е сместено раководството на ПКК.

Турската армија не соопшти повеќе детали. 

Тоа се први напади по тензите меѓу Анкара и Багдад, кои избувнаа во саботата.