Балкан
15. March 2020 - 12:46

Турција: Над 10.000 луѓе во карантин по пристигнување од Медина

Над 10.000 турски граѓани кои се вратиле од верски настан во Медина во Саудиска Арабија и пристигнале синоќа на аеродромот во Анкара се во карантин. Тие се во карантин во Анкара и во Конја, јавија турски медиуми повикувајќи се на извори.

Полицијата презела засилени мерки за да нема контакти на тие лица со оние кои ги чекале на аеродромот.

Возачите на автобусите во кои биле пренесени, биле со специјални заштитини облеки. Карантинот ќе биде 14 денови.