Турција ја обновила офанзивата во североисточна Сирија и покрај договорот со САД за прекин на огнот
Турските воени сили ги обновиле нападите врз градот Рас ал Аин, во североисточниот дел на Сирија, и покрај претходно постигнатиот договор со САД за привремен прекин на воените дејствија, пренесе Тасс.
Претходно се појави информација дека во овој сириски град било слушнато пукање од автоматско оружје и дека уште се водат борби, а над неколку квартови од градот се кревал густ чад.
Турција се уште нема дадено коментар на оваа нова ситуација.
Анкара на 9 октомври ја почна операцијата „Извор на мирот“ во североисточна Сирија. Нејзина цел е создавање „тампон зона“, која треба да се претвори во заштитен појас за турската граница. Освен тоа, Анкара има планови таму да ги расели сириските бегалци кои во моментов се наоѓаат во камповите во Турција. Меѓународната заедница ги осуди дејствијата на Анкара, а владата во Дамаск оваа операција ја оцени како агресија врз земјата.
Според вчерашниот договор Пенс-Ердоган, Турција се согласи на прекин на огнот во траење од 120 часа, период за кој курдските сили треба да се повлечат од тампон зоната, утврдена од Анкара
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците