Турција го чествува Денот на Републиката
Турција денеска го празнува Денот на Републиката, со кој се одбележува прогласувањето на турска република на 29 октомври 1923 година.
Својот 94-ти роденден Турција годинава го одбележува со 94 манифестации организирани на територијата на целата држава.
Прославата официјално трае 35 часа, почнувајќи од вчера попладне, при што се одржуваат народни собири, маршеви и музички манифестации, а се полагаат и венци и цвеќиња на спомениците и мавзолејот на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во главниот град Анкара.
Републиканскиот систем во Турција е воведен на 23 април 1920 година, кога е формирано Големото национално собрание, кое ја одзема политичката власта на султанот, но Републиката официјално е прогласена од страна на Ататурк на денешен ден три години подоцна.
По официјалното прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година, Ататурк е избран за прв турски претседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна