-->
-->
Тур де Франс: Првата етапа за Кавендиш
-->

Британецот Марк Кавендиш победи на првата етапа, на 103-то издание на најпозната велосипедска трка во светот „Тур Д’Франс“.
Кавендиш, кој на претходните свои учества на трката околу Франција имаше забележано 26 победи, мораше да ја сочека 27-та за прв пат да ја облече жолтата маичка. До победата тој стигна откако го доби спринтерскиот дуел со Петер Саган и Марсел Кател.
Трката околу Франција стартуваше од историското место Мон Сен Мишел, а првата етапа имаше должина од 188 километри.
Првата етапа ја обележа и инцидентот кој му се случи на Алберто Контадор, Шпанецот имаше незгодно паѓање, но и покрај видливата повреда на рамото тој ја заврши етапата.
Втората етапа ќе се вози од Сен Лоа до Шербу-Октавил и е со должина од 182 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
