Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена, учете да научите
Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на првиот академски час на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”. На идните студенти им посака да имаат среќна и успешна година, да го искористат својот потенцијал, да бидат креативни.
„Старите Римјани рекле „Festinа lente“. Брзајте, но бавно, пополека - кон вашата цел, а тоа е кога ќе завршите со ова поглавје, еден ден да станете истакнати правници, адвокати, судии, обвинители, новинари, професори, политолози, па и политичари. Тоа ќе го постигнете само со учење. Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете! Знаењето никој, никогаш не може да ви го одземе! А многу брзо ќе дојде времето кога кормилото ќе дојде во ваши раце и знаењето ќе треба да го примените во пракса”, им порача на идните студенти министерот за правда Никола Тупанчески.
Оваа генерација на студенти се разликува од претходните. Новиот стил на живот, рече Тупанчески, а посебно условите кои се наметнаа во изминативе неколку години, доведоа до тоа студентите да бидат постојано присутни и активни на социјалните мрежи, па дури и дел од процесот на образование да го следат по видеоконференциски пат.
Министерство за правда
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија