Тупанчески на конференција по повод Европскиот ден на правдата
– По повод Европскиот ден на правдата – 25 Октомври, министерот за правда Никола Тупанчески денеска ќе се обрати на Конференцијата за одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош, која ќе се одржи во Скопје.
Како што соопштија од Министерството за правда, Европскиот ден на правдата во државава ќе биде одбележен и со отворени денови во судовите, средби со адвокатите, нотарите, извршителите, медијаторите, каде граѓаните одблиску ќе имаат можност да се информираат и да добијат совети.
Освен на министерот Тупанчески, на конференцијата меѓу другото најавено е и обраќање на Кристоф Поарел, директор на Директоратот за човекови права во Совет на Европа, Мари-Маделеин Канелопулоу, раководителка на оперативно работење во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора, Аркин Јахији, државен советник во Министерство за правда и Ирена Цуцулоска Јакимовска, виша раководителка во Програмската канцеларија на СнЕ во Скопје.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
