Тупак е можеби жив, се снима филм за тоа
Рик Бос, режисер од Лос Анџелес е убеден дека Тупак е жив. Уште повеќе, тој има намера целата приказна да ја преточи во филм.
Раперот Тупак е убиен на 7 септември 1996 година во Лас Вегас, со четири истрели од огнено оружје. Оттогаш во цел свет тлеат теориите околу тоа дека тој не е навистина мртов. А, сè тоа можеби најмногу го потпали телохранителот на Тупак, кој пред медиумите раскажуваше како му помогнал да ја лажира својата смрт и да отиде на Куба.
Во меѓувреме, луѓе од цел свет се јавија со своја приказна како го виделе раперот жив. Сè ова го поттикна Бос да сними филм за оваа тема. Насловот гласи „2Pac: The Great Escape From UMC”
– Во филмот ќе видиме како Тупак заминува од Вегас и својот живот го продолжува во Ново Мексико. Секако дека некои ќе речат дека сум напишал фикција, но ова не е фикција. Ова се факти што доаѓаат од проверени извори, истакна Бос.
Занимливо е тоа што глумецот кој е одбран да го толкува ликот на Тупак – Ричард Гарсија не се сложува со режисерот и верува дека раперот, сепак е убиен 1996 година.
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
