Тухел седна на клупата на Челзи
Поранешниот стратег на францускиот првак Пари Сен Жермен, Германецот Томас Тухел, вечерва официјално е назначен за нов тренер на премиерлигашот Челзи.
Тухел потпиша договор на 18 месеци, со можност соработката да биде продолжена за уште една година, соопшти клубот од Лондон.
Тухел, кој освои две последователни шампионски титули со екипата на Пари-Сен Жермен пред да биде отпуштен на крајот од декември, доаѓа во Челзи само ден по отказот што сопственикот Роман Абрамович му го врачи на тренерот Френк Лампард поради слаби резултати.
– Сакам да му се заблагодарам на Челзи за укажаната доверба кон мене и мојот тим. Сите имаме голем респект кон работаta што тука ја вршеше Френк Лампард. Во исто време, нестрплив сум да се запознаам со мојата нова екипа и да се натпреварувам во една од највозбудливите фудбалски лиги. Благодарност што сум дел од семејството на Челзи – чувството е неверојатно, истакна Тухел во својата прва изјава по назначувањето за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш.
Тухел, кој е прв германски тренер во историјата на Челзи, веќе вечерва ќе го води тренингот на екипата, пред утрешното премиерлигашко деби против Вулверхемптон.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350