Тухел објаснува зошто фаворитите не водат во најсилните европски лиги
Тренерот на Пари Сен-Жермен, Томас Тухел, по победата во Истанбул против Башекшехир во 2. коло од групната фаза во Лигата на шампионите (2:0), ја потенцира тежината на оваа сезона.
– Скоро и да немавме претсезонски тренинг. Ни недостасуваат многу играчи. Купивме многу играчи на крајот од преодниот рок. Не е едноставно. По пауза поради пандемијата, ПСЖ играше во финалето на Купот, плејофот во Лигата на шампионите, а потоа започна и Лига 1.
Јувентус е во водство во Италија? Не. Во Англија … најдобриот Манчестер Сити? Не. Дали Барселона или Реал се во водство во Шпанија? Не. Ова се случува, бидејќи тие беа со нас во Португалија, каде се одигра плејофот во Лигата на шампионите. Сепак, претпочитам да бидам позитивен и да се смешкам и верувам дека на крајот работите ќе се дојдат на свое место, нагласи Тухел.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости