Труење на ученици во четири белградски училишта, уапсен доставувачот на храна
Вкупно 135 ученици од четири белградски училишта побарале лекарска помош со симптоми на труење, откако во училишните кујни во понеделникот јаделе шпагети болоњезе.
Епидемиологот од Градскиот завод за јавно здравство, Биљана Беговиќ Вуксановиќ изјави дека во училиштата, како и од фирмата „Кетеринг енд бејкерс“, која на учениците им доставува храна, биле земени голем број примероци за анализа. Таа истакна дека резултатите ќе бидат познати за три до пет денови, а на фирмата „Кетеринг енд бејкерс“ и е наложено времено да ја прекине испораката на оброци во училиштата.
Полицијата во Белград, во соработка со обвинителството, му одредиле 48-часовен притвор на лицето Б.П. (1976), кој има одговорна функција во фирмата „Кетеринг енд бејкерс“, поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело производство и ставање во промет на штетни производи.
Последното големо труење на повеќе од 250 ученици од неколку белградски училишта е забележано во 2013 година, а причина за тоа е бактеријата стафилокока, која била пронајдена во шпагети болоњезе. Тогашното српско Министерство за образование најавувало поднесување пријави против одговорните, но епилогот за тој случај не е познат.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал