Трудовата инспекција по налог на Заев ќе влезе во верските заедници
- Трудовата инспекција лично од премиерот Зоран Заев ќе добие налог да провери дали верските заедници ги почитуваат законските обврски од аспект на плаќање даноци и придонеси.
Ова го истакна претседателот на Владата Зоран Заев, откако пратеникот Мухамед Зеќири на собраниска седница праша дали трудовата инспекција некогаш ќе влезе во Исламската верска заедница (ИВЗ) да провери дали им се плаќа инвалдиско и пензиско осигурување на имамите кои се жалат дека тоа не се прави.
- Владата негува добар однос со сите верски заедници. Не сме надлежни, ниту сакаме, а и Уставот не дозволува инволвирање во внатрешните избори и уредувања, но тоа не значи дека некој може да биде надвор од Законот кога се работи за плаќање даноци, придонеси,... истакна премиерот Заев.
Давачките, потенцира, и чесниот пристап, мора да важат за секого, независно за која верска заедница станува збор, а резултатите од контролите ќе бидат јавно соопштени.
И МВР во овој сегмент води одредена истрага врз основа на пријави што дополнително, истакна премиерот, ќе даде одговори
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана