Трошоците на живот во јуни исти како во мај
Трошоците на живот и цените на мало во јуни во однос на мај годинава останале непроменети, додека споредено со јуни лани се намалени за 0,7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 11 проценти, тутунот за 5,8 проценти, другите прехранбени производи за 0,5 проценти, јајцата за 0,4 проценти и маслото и маснотиите за 0,2 процента.
Во јуни, исто така, пораст на трошоците на животот е евидентиран и кај течните горива за домаќинствата за 9,6 проценти, течните горива и мазива за домаќинствата за 3,2 процента, гасот за домаќинствата за 2,8 проценти, услугите за сместување за 1,1 процент, големите електрични апарати за 0,9 проценти, малите електрични апарати за 0,6 проценти, обувките, другите медицински производи и специјалистичките прегледи за 0,3 проценти, терапевтските апарати и
опрема и информатичката опрема за 0,2 процента.
Според ДЗС, намалување на трошоците на животот во јуни споредено со мај годинава е регистрирано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 8,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,3 проценти, другите пекарски производи за 0,9 проценти, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,5 проценти, рибата и морските плодови и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0,3 проценти и безалкохолните пијалаци за 0,2 процента. Пониски трошоци на живот се забележани и кај авионскиот превоз на патници за 10,8 проценти, болничките услуги за 4,8 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 2,6 проценти и градините, растенијата и цвеќињата за 1,2 процента.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор