Тропската бура Нејт во Мексиканскиот Залив прерасна во ураган

Тропската бура Нејт, што се формираше вчера крај источниот брег на Хондурас, движејќи се на север низ Мексиканскиот Залив, денеска прерасна во ураган, соопшти Американскиот национален центар за урагани.
- Нејт се трансформира во ураган, соопшти Центарот на својата веб страница утрово во 7 часот по средноевропско време.
Жариштето на Нејт сега се наоѓа меѓу источниот мексикански брег и Куба и се движи кон јужното крајбреќје на САД.
Американскиот центар предупреди дека на удар на ураганот би можеле да се најдат градот Њу Орлеанс, реонот на езерото Пончартрејн и подрачјето на Гранд Ајл во државата Луизијана, како и областите долж границата меѓу државите Алабама и Флорида.
Според Центарот, Нејт ќе пристигне до бреговите на САД доцна вечерва или најдоцна утре изутрина.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
