Тројно убиство во Сплит, одмазда за малтретирање на братот
Во самиот центар на Сплит вчера попладне дошло до пукање од автоматско оружје во кое биле убиени три лица, а хрватските медиуми денеска пренесуваат дека осомничен е 25-годишниот Филип З.
Двајца од нападнатите починале на лице место, додека третиот починал подоцна во болница, од последиците на ранувањето, пренесоа хрватските медиуми.
Тројното убиство се случило затоа што тројцата сега убиени го малтретирале братот на осомничениот, а тој во својот крвав поход користел „Калашњиков“.
Според некои информации, мотивот за нападот би можела да биде одмаздата.
Повеќе извори наведувале дека осомничениот, односно неговото потесно семејство, од претходно имале проблеми со некои од убиените. Наводно станувало збор за долгови и дрога која семејството на убиецот, конкретно еден од неговите браќа, го довел во судир со убиените.
Индекс. хр наведува дека осомничениот имал во план да најде и убие уште неколку лица, но, за среќа, не ги пронашол.
Далмација портал наведува дека осомничениот по апсењето молчел. Тој, според порталот, ќе биде обвинет за кривичното дело тешко убиство, за што му се заканува казна и до 50 години затвор.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект