Тројца загинати во невреме во САД

Најмалку три лица загинаа денеска при налет на неколку торнада во државите од американскиот Среден Запад.
Како што јавија американските медиуми, овој метеоролошки феномен, кој е невообичаен за овој период од годината, предизвикал значителни материјални штети во државите Арканзас, Ајова, Индијана, Илиноис, Охајо, Кентаки, Тексас и Тенеси.
Еден човек загинал во градот Отава во Илинос, кога врз него паднало откорнато дрво од силниот ветер.
Во местото Кросвил, на околу 360 километри јужно од Отава, торнадо урнало куќа при што загинал еден 71-годишен маж, а неговата сопруга е повредена.
Третата жртва загинала во округот Пери во државата Мисури, каде торнадо уништило над сто куќи и однело неколку возила.
Ветерот овозможил брзо ширење на неколку шумски пожари во Тексас, кои уништиле неколку станбени куќи.
Метеоролозите соопштија дека стихијата продолжила да се движи кон исток и се очекува невремето да го достигне својот максимум вечерва во текот на доцните ноќни часови по локално време.
Ново на Сител
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
