Тројца загинати при пад од балкон во Шкотска

Три лица загинаа при пад од балкон на 12-от кат од еден станбен блок во шкотскиот град Абердин.
Локалната полиција соопшти дека инцидентот, во кој загинаа една млада жена и двајца мажи, се случил доцна синоќа, во една 19-катница.
Засега не се соопштуваат имињата на загинатите, ниту се објаснува како се случил нивниот пад од повеќекатницата.
Сепак, според локалните медиуми, полицијата испитува како паднала жената и дали едниот од двајцата мажи паднал или бил турнат од балконот.
Квартот во кој се случи инцидентот важи како мирен, но локалните жители веруваат дека случувањата во станбениот блок се последица на „безредие и насилство“.
Сведоци и изјавиле на полицијата дека слушнале врисоци на женски глас со барање за помош, но некои од соседите на станбената зграда признале за медиумите во Абердин дека мислеле оти станува збир за „младешки лудории“, па не ја известиле веднаш полицијата.
Ново на Сител
-

Осомничените за проневери во ФФМ на распит во суд, обвинителството бара притвор
-

Анкета: Граѓаните оптимисти дека Македонија во следните пет години ќе влезе во Европска Унија
-

Германските туристи најбројни
-

ЛС-Штип со стипендии за младите спортски таленти
-

Преглед на вестите од светот
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
