Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Безживотните тела на три лица биле извлечени во морскиот дел јужно од малиот грчки остров Гавдос, кога почнал да тоне дрвен чамец со мигранти, а биле спасени 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, вчера попладне, откако биле информирани дека е потребно обезбедување помош за чамец со мигранти, брод на Фронтекс се упатил на местото и за време на процесот на приближување кон чамецот, лицата се поместиле на една страна, што довело до полнење на чамецот со вода и негово превртување.
Екипажот на бродот на Фронтекс веднаш фрлил чамци за спасување, како и индивидуални гуми за спасување и биле спасени 51 маж, една жена и три деца, а животот го загубиле двајца мажи и една жена.
Паралелно започнала и потрага за евентуално исчезнати, што продолжува и денеска, а спасените 55 лица биле пренесени на пристаништето на островот Крит.
МИА
Ново на Сител
-

Лицата со аутизам и Даунов синдром ќе добијат бесплатен паркинг во Скопје
-

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
-

Сиљановска - Давкова: „Вељо Манчевски“ е вреднување на посебниот духовен, образовен и хуман придонес
-

Kартел меѓу над 40 авто-школи, ги усогласиле цените за полагање за возачка дозвола
-

Околу 80 000 компании активни во земјава, бизнисот се повеќе работи електронски
-

Киднапирана жена пронајдена мртва во гостиварско
-

Стартот на „Безбеден град“ се одложува - системот ќе профункционира на 1 февруари
-

Шпанка доби отказ поради што доаѓала предвреме на работа
