Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати.
Експлозиите, според истите информации биле толку силни што се слушнале и во околните села и во центарот на Трикала што е на околу шест километри од фабриката.
Противпожарната служба интервенираше со 40 пожарникари со 13 возила, а помагаа и цистерни од општината.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.
МИА
Ново на Сител
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
-

Трето прекршување на примирјето меѓу САД и Иран
-

Анкета: Мнозинството Германци не гледаат изборни бенефити за конзервативците од замената на Мерц
-

Иранскиот претседател повикува на промена во стилот на лидерство во земјата
-

Сончево со мала облачност, максималната температура до 34 степени
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
