Тројца тетовци приведени за тепачка
Тетовските полицајци од станицата во Камењане вчера привеле две машки лица од Богoвиње и едно од Горно Седларце затоа што учествувале во физичка пресметка, а при тоа бил загрозен животот на учесници во сообраќајот со употреба на патничко возило „јагуар“.
-Во 20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Б.З.(36), Л.З.(33), двајцата од тетовско Боговиње и Д.С.(21) од Горно Седларце, затоа што околу 17:30 часот во близина на бензинска станица покрај автопатот Тетово – Гостивар учествувале во физичка пресметка, каде било инволвирано уште едно лице, при што со патничко возило „јагуар“ без регистарски ознаки била загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, информираат од СВР Тетово.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Судството да се тргне од канџите на политиката
-
Преглед на вестите од светот
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Aзир Алиу предлог на „ВРЕДИ“ за нов министер за здравство
-
Teма на денот со Синиша Ивановски, директор на Железници инфраструктура
-
Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата Лав XIV и средба со италијанскиот претседател Mатарела
-
Филипче повторно повикува на лидерската средба и консензус за интеграциите, власта експресно одби
-
Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем