Тројца повредени во пожарот во Кочани отпуштени од болницата во Варна
Тројца повредени во пожарот во Кочани кои беа хоспитаизирани на Универзитетската болница за интензивна нега „Св. Ѓорѓи“ во Пловдив, денеска се пуштени на домашно лекување, соопшти прес-центарот на болницата, пренесува БТА.
- Пациентите - тројца мажи на возраст од 19, 21 и 48 години - беа примени во болницата на 17 март на Клиниката за пластична, реконструктивна и естетска хирургија, каде што беа сместени на интензивна нега поради сериозноста на изгорениците. За време на престојот во болницата, нивната состојба постепено се подобруваше, а медицинските специјалисти им ја обезбедуваа сета потребна нега и третман, се вели во соопштението.
Во моментов, сите пациенти се во стабилна општа состојба и ја напуштаат медицинската установа со пропишани препораки за следење и рехабилитација.
Тројцата пациенти и нивните роднини изразија благодарност до тимот на болницата во Варна.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март, животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа поврдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји. Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени - од нив осум во болницата „Пирогов“ во Софија, а другите во болниците во Пловдив и Варна.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги