Македонија
12. May 2019 - 15:51

Тројца му се фрлиле на еден - повредено момче во скопско Ченто

Тепачка во скопската населба Ченто, претепано едено дете. Како што соопштуваат од полицијата, вчера во 23,15 час лицето С.П. (48) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 23,00 час на ул. “Методија Андонов Ченто“  физички бил нападнат од страна на три непознати  машки лица. Тие го удриле повеќе пати во пределот на главата и лицето при што му се нанесени видливи повреди. Според кажување на пријавителот до физичкиот напад дошло поради меѓусебно нетрпение по претходна расправија околу сообраќајна незгода.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.