Тројца измамници исценирале дефект на возилото, па „пријателот“ го претепале и ограбиле
Едно лице го извлече подебелиот крај откако го ограбиле неговите „пријатели“ на автопатот Тетво - Скопје. Според информациите на МВР, вчера во 12.50 часот во Полициската станица Гостивар, Ф.И. (50) од Скопје пријавил дека на 20.06.2018 година околу 22.20 часот на автопатот Тетово-Скопје лицата Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице извршиле разбојништво над него. На предлог на трите лица, Ф.И. патувал со нивно возило до Скопје. После наплатната станица, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото, лицата физички го нападнале Ф.И., по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи. После тоа, го оставиле и си заминале со возилото. Во 17.45 часот, од страна на Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во врска со настанот било приведено лицето Ш.Ѓ. (23) од Прилеп, со живеалиште во Гостивар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови