Тројца актуелни или поранешни директори на ЈЗУ вратиле по 500 илјади денари што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милиони денари, што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола.
- Во три случаи актуелни или поранешни директори ги вратија погрешно пресметаните приходи од околу милион и пол денари, потенцира Клековски.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали очекува и други да вратат пари, рече „сите заедно мора да изградиме систем каде меѓусебно ќе се почитуваме“.
- На едната страна дека ќе бидеме подобро платени и тоа ќе биде вреднувано легално со 33 отсто зголемени капитации за матичните доктори или кумулативно претходните две зголемувања во јавното здравство беа 17 отсто. Сега од март има уште едно зголемување. Праќаме јасен сигнал до сите здравствени работници дека ќе ја вреднуваме работата и платите ќе одат нагоре, меѓутоа од друга страна очекуваме фер однос и од другата страна и да престанат злоупотребите на додатоците. Таа комуникација ја имаме и со јавните здравствени установи и со синдикатите, посочи Клековски.
Постојано, појасни, ќе комуницираме за да се придвижиме од една состојба каде трудот не се вреднувал, па некои луѓе сами си со наплаќале според тоа што сметале дека им следува.
- Не може да дозволиме да има самовреднување и самонаплата. Ќе има правила кои ќе бидат фер и ќе се бара да се придржуваме до нив, додаде Клековски.
МИА
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
