Тркалезна маса „Можности за регионална интеграција на Република Македонија во Европската Унија“

Тркалезна маса на тема „Можности за регионална интеграција на Република Македонија во Европската Унија“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Унијата на европски федералисти на Македонија.
Настанот ќе го отвори претседателот на државата Стево Пендаровски, кој ќе говори на тема „Приоритетите во надворешната политика на земјава“, и Кристофер Глук, заменик-претседател на Унијата на европски федералисти (УЕФ) на тема „Европа помеѓу проширувањето и продлабочувањето – визијата на УЕФ“.
Како што најавија организаторите, на тема „Регионалните иницијативи – алтернатива или порта за ЕУ“ ќе говори министерот за надворешни работи Никола Димитров, Радан Канев МЕП / ЕНП, Илхан Ќучук МЕП / АЛДЕ и Никола Поповски, претседател на НСЕ и пратеник во Собранието.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, Весела Чернева од Европски Совет за надворешни работи и Љубомир Филипович, претседател на УЕФ на Црна Гора ќе говорат на втората тема – „Регионален или одвоен пристап во преговорите со ЕУ“.
Третата тема ќе биде „Улогата на Собранието, науката, медиумите и НВО секторот во промоцијата и подршката на регионалните иницијативи“. Потпретседателот на Собранието Зеќир Рамчиловиќ, ќе зборува за можностите на Собранието во насока на поддршка на граѓанските иницијативи, а за подготвеноста на политичките партии да поддржат граѓански иницијативи ќе говорат Даниела Рангелова и Хари Локвенец, пратеници во Собранието.
За лажните вести во насока за дискредитација на граѓанските иницијативи ќе зборуваат Љубчо Нешков новинар и сопственик на „БгНес“ и новинарот и директор на МИА Драган Антоновски.
Ново на Сител
-

12 мртви при пад на авион во Мисури, САД
-

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Скопје-Блаце, се поврзуваме со пристаништето во Бар со што отвораме нови можности за домашните компании
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
