-->
-->
Триумф во двојки за Ѓорческа на фјучрсот во Добрич
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да триумфира во игра на двојки на фјучрсот во Добрич, Бугарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа за едно со Изабела Шиникова од Бугарија како први носителки ги победија Лаура Шедер (Германија) и менали Стоке (Норвешка). Првиот сет по голема борба им припадна на ривалките со 7:6 во тај брекот беше 15:13 на поени. Во вториот сет Ѓорческа и Шиникова беа поуспешни со 6:2, а во решавачкиот беше 10:6 за нив на поени.
Ова за Ѓорческа е петта турнирска победа во двојки во 2016 година, а трета на турнир од овој ранг. За победата нашата тенисерка ќе освои 50 поени.
Инаку, претпладнево Ѓорческа го загуби сингл полуфиналето од нејзината партнерка од двојки Шиникова со 2-1 во сетови (6.4; 3:6 и 6:0). За полуфиналето ќе добие 18 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доајенот на македонското глумиште замина во легендите, почина актерот Гоце Тодоровски
-

Временските промени опасност за посетителите на планина
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Гостивар има техничка вода, но не е за пиење
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Нова надеж за повредените штркови
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
