-->
-->
Триумф на Новак Ѓоковиќ во Тел Авив
-->
Новак Ѓоковиќ,со триумф од 2-0 против Хрватот Марин Чилиќ го освои турнирот во Тел Авив од серијата 250. Ова беше првиот турнир по Вимблдон на кој настапи српскиот тенисер.
Со освојувањето на трофејот во Тел Авив, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој освоил барем еден турнир на секоја подлога оваа сезона. Тој го освои Мастерсот во Рим на земјена подлога, победи на тревата на Вимблдон, а вчера на бетон триумфираше во Тел Авив.
Ѓоковиќ од Тел Авив се упати кон Казахстан, каде ќе игра на турнирот од серија 500 во Астана.
Доколку слави и во Казахстан, ќе стане првиот тенисер во историјата кој освоил по еден турнир во сите четири категории во една сезона.
Тирнирот во Астана е многу силен оваа сезона, учесници се Карлос АЛкараз, Стефанос Циципас, Данил Медведев, Феликс Оже Алијасим, Андреј Рублев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток
-
Почнуваат велигденските празнувања