Трите хороскопски знаци за кои сезоната на Јарецот ќе биде најлошата досега
Близнаци: Претерано сте анксиозни
Дишете, Близнаци! Знаеме дека поминувате низ тежок пат, но мора да верувате дека нештата ќе станат подобри. Погледнете колку сте пораснале во текот на оваа година! Ништо не поминува незабележано кога станува збор за космосот. Предадете се на новите почетоци, и не давајте отпор на промените што ви се случуваат. Ова е период на спиритуално обновување за вас, и бидете сигурни дека 2019 ќе биде година со неверојатни можности за вас.
Рак: Не се чувствувате како себеси
Вие не ја мразите сезоната на Јарецот, туку едноставно не можете да се навикнете на енергијата во овој период од годината. Размислете, Јарецот е вашиот поларен знак, што значи дека немате буквално ништо заедничко. Фактот е дека вие обожавате да уживате во својата удобност, опкружени од оние што ги сакате, но на Јарецот не му е гајле за вашата емоционална сигурност. Токму затоа и оваа сезона ќе бидете предизвикани да излезете од удобната зона.
Водолија: Премногу сте уморни за да функционирате
Земјата до Водолиите, се слушаме? Знаеме како се чувствувате. Тоа е таа комбинација од умор, забуна и емоционална магла. Секоја година, во текот на оваа сезона, сонцето патува низ вашата заспана 12-та куќа на завршетокот, заздравувањето и кармата, па затоа не обрнувајте многу внимание на тоа што ви се случува. И ова ќе помине, и вие повторно ќе се издигнете со вашето соларно враќање. Сега засега, уживате во тишината.
Ново на Сител
-

Зимата ќе биде без екстремни периоди, студени бранови кон крај на декември до средина на јануари и крајот на февруари
-

Римокатолиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн
-

Во Лос Анџелес прогласена вонредна состојба поради поплавите
-

Без вода делови од општините Аеродром и Центар
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун
