Трипуновски: Земјоделците, задругите и преработувачите да ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски синоќа од Новаци ги повика сите земјоделци, земјоделски задруги и преработувачи да се регистрираат на дигиталната платформа www.makedonskonajdobro.mk со што ќе ја поддржат кампањата „Македонско најдобро”.
-Нашата цел е јасна, наместо да увезуваме, да избираме домашни земјоделски производи и преработки, порача Трипуновски кој присуствуваше на Фестивалот на жетвата во општина Новаци.
Притоа напомена дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе продолжи да ги поддржува традиционалните настани и манифестации зашто преку нив ќе се зачува нашата традиција и ќе се промовира локалниот туризам.
МЗШВ вчера официјално ја почна кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”, која има за цел да го зајакне домашното земјоделско производство и да ја подигне свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи. Главни цели на кампањата се: зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство, обезбедување просперитет на руралните средини; подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи, како и обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки.
МИА
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
