Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира јавна расправа во Собранието за тутунарите

И додека Заеви јадат од златен прибор, за кој што цената достигнува и до 50.000 евра, тутунарите трпат за леб, бидејќи килограм тутун го продаваат по цена од една кутија цигари.
Два месеци трае голготата на тутунарите. Два месеци Заев ги лаже и ги манипулира дека ќе им го реши проблемот. Два месеци нема решение.
30.000 домаќинства односно 120.000 наши сограѓани, тутунари, се со загрозена егзистенција.
Доколку власта во најкраток период не ја зголеми субвенцијата за предаден килограм тутун како што предлагаме, слободно додадете ги и тутунарите на онаа бројка од 500 илјади наши сограѓани кои живеат во сиромаштија бидејќи од март месец за тутунарите почнува вистинската голгота и глад.
Зоране, овие 120.000 тутунари, немаат златни лажици и вилушки, тие ќе се снајдат и со обични метални, но немој да им го земаш лебот од уста.
Решение има, само е потребно веднаш да се реагира. Но СДСМ покажа дека не сака да изнајде решение. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 28.12.2020 година побараа расправа во Собранието за состојбата со тутунот и тоа да биде како прва точка на дневниот ред, но СДСМ со цел да ја избегне точката ја стави како последна на дневниот ред со цел колку може да пролонгира колку што може повеќе.
ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и сега останува на располагање на тутунарите, и ќе биде со нив. Во таа насока преку нашите пратеници ќе иницираме и јавна расправа во Собранието на Република Македонија. И со сите средства кои ни стојат на располагање ќе се бориме за правата на тутунарите во Република Македонија.
Цветан Трипуновски – ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
-

Данас: Српски филмски здруженија ќе поднесат кривична пријава против министерот за култура Никола Селаковиќ
-

ЈП „Комунална хигиена“: Ставени во употреба новите специјални комунални возила
-

Златар од Тетово шверцувал накит вреден четири милиони денари во перница за врат на Богородица | ВИДЕО
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
